Кадетската машка одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Босна и Херцеговина со 3:0 (25:18, 25:17, 25:17) на Балканијадата во Нови Сад, а со тоа го зазеде последното, седмо место во конечното рангирање.
Избраниците на селекторот Ванче Санев загубија од Молдавија и од Бугарија во групната фаза, по што денеска се сретнаа со составот на Босна и Херцеговина, кој претходно претрпе три порази, но со успехот во мечот со нас, се избори за утрешен натпревар со Романија за петтата позиција на турнирот за одбојкари до 18 години.