СП 2023: Познат распоредот, почнуваме со Норвешка на 13 јануари

157

Нашата ракометна селекција се најде во тешка група на СП 2023 во Полска и Шведска. Жрепката сакаше да се паднеме во групата Х, а за ривали ги имаме Норвешка, Аргентина и Холандија.

Првиот меч момците на селекторот Кире Лазаров ќе го одиграат на 13 јануари и тоа против Норвешка, потоа на 15 јануари следува дуелот со Холандија, за да на 17 јануари се среќаваме со селекцијата на Аргентина. Предвидено е мечевите Македонија да ги игра од 20:30 часот, но секако дека е можно да дојде до измени.

Инаку првите три репрезентации од нашата група ќе “вкрстат“ со најдобрите три селекции од групата Е, а таму се Германија, Србија, Катар и претставникот на Африка. Убаво ќе биде и Македонија да се најде во главната фаза на СП во Полска и Шведска и да ги одмерите силите против Германија, Катар и Србија на пример.

Сепак прво мора да се биде барем трети во нашата група против Норвешка, Аргентина и Холандија.

ПретходноВардар добива претседател за фудбалски развој
Следно„Лавовите“ добри на првата контрола во Банско