Нашите херои веќе се на скопскиот аеродром каде за неколку минути ќе отпатуваат за Букурешт со чартер лет.
Е, па.. СРЕЌНО МОМЦИ – СЕГА Е ВАШЕ ВРЕМЕ…
И тие знаат дека ќе ја имаат сета можна поддршка од сите во Македонија, дека од нив се очекува да го дадат својот максимум, како што досега го правеаа тоа.
Сигурно е дека на ЕУРО 2020 нема да бидат туристи, и тоа како ќе покажат дека знаат да играат добар фудбал.
Со нив е цела нација… со нив сме сите ние.