Македонската машка ракометна репрезентација денеска (14 часот) во Оран ќе ги одмери силите против Египет. Победникот од оваа средба ќе обезбеди место во финалето на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Алѓир.
Избраниците на селекторот, Кирил Лазаров до полуфиналето стигнаа со скор од две победи, реми и пораз. Младите ракометари одиграа одлично во групната фаза, покажаа карактер, па пласман во финалето ќе биде одличен успех за нив.
На другата страна Египет, предводен од Роберто Гарсија Парондо, нема пораз, запиша четири победи, од кои една службена, откако Словенија поради Ковид-19 мораше да се повлече од Игрите.
Во овој момент игра женската репрезентација која се бори за 5. до 8. место, за противник ја има селекцијата на Алжир.