Напред Шкупи: Наградата нека биде двомеч со Динамо Загреб…

974

Шкупи – Линколн, вечерва на Арената “Тодор Проески“ од 20:45 часот, прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Факт е дека чаирчани имаа среќа во ждрепката, можеа да извлечат и посилен ривал, не дека првакот на Гибралтар е тотален аутсајдер, но сепак Линколн е Гибралтар и без лажна скромност, но со респект кон противникот и верба во себе, четата на стратегот Гоце Седлоски би требало да го добие овој меч.

Шкупи треба да покаже дека двецениското чекање на титулата да слета на Чаир не беше залудно, треба да покажа квалитет и решеност да ја мине оваа пречка. Како шампион на Македонија секако дека треба сите фудбалски фанови вечерва да бидат со својот првак, да му дадат поддршка на овој прв меч во Скопје, но и на реваншот за седум дена.

Триумф во следните 180 минути ќе значи и двомеч со Динамо Загреб, гигантот на Балканот. Двомеч и против Аријан Адеми и Стефан Ристовски, двомеч против тимот во кој Седлоски одигра навистина фантастичен дел од својата кариера.

Уф, каков ли тоа ќе биде спектакл. Динамо со Адеми и Стефан во Скопје, Седло против Динамо…

Но, ајде да почекаме, прво да ја скокнеме пречката наречена – Линколн.

Има време за Динамо Загреб.

ПретходноНовак губеше со 0:2 во сетови, на крај славеше против Синер за полуфинале!
СледноСедлоски го објави стартниот состав: Шкупи ќе напаѓа со Сандеј, Данфа, Реналдо…