Откако Реал Мадрид и официјално потврди дека ја прекина соработката со Пабло Ласо, кој има здравствени проблеми, денеска на својата страница го објави името на неговиот наследник. Чус Матео ќе ги предводи „кралевите“ во текот на следната сезона, неговиот договор е до 30 јуни 2024 година.
Матео успеа да ја совлада Барселона со 3-1 во победи и да се закити со титулата во шпанското првенство. Тој својата тренерска кариера ја мина во Реал Мадрид, од 2014 година е помошник на Ласо.
„Му благодариме на Пабло Ласо. Во 11 сезони под водство на Ласо, Реал Мадрид освои вкупно 22 трофеи. Тој останува тренер со најмногу натпревари (860) и најмногу победи (659) на клупата на Реал. Целиот клуб Реал Мадрид му посакува на Пабло Ласо и на неговото семејство се најдобро“, стои на официјалната страница на Реал Мадрид.