Кристијан Шекуларац (18), младиот офанзивен фудбалер е ново име во тимот на Фулам. Ништо необично, но ако не се знае само една важна работа. Овој млад фудбалер во иднина ќе игра за Македонија, и тој тоа го прифатил. Инаку досега има играно за младите селекции на Швајцарија, но во иднина ќе настапува во дресот на нашата репрезентација зошто има потекло од Македонија. Тој тоа и го прифатил. Инаку тој е внук на братот на славниот Драгослав Шекуларац, кој потекнува од Штип и затоа велиме дека има македонски корени.
Инаку досега талентираниот Шекуларац беше член на младинскиот тим на Јувентус, од каде и направи трансфер во Фулам.
Да потсетиме дека пред извесно време “Спортмедиа“ пишуваше за можноста младиот Шекуларац да игра за Македонија.