Емил Рајковиќ ќе предава на тренерскиот семинар

145

Здружението на кошаркарските тренери на Македонија направи мала промена во реализација на планираните активности по завршувањето на натпреварувачката сезона. И одложениот тренерски семинар од 24.јуни, го презакажува за 9.јули. Ќе биде реализиран во периодот од 10 до 12 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

Предавач ќе биде Емил Рајковиќ, новиот тренер на гигантот ЦСКА Москва и неговиот долгогодишен асистент Сашо Тодоровски.

Во последните неколку години Рајковиќ бележи одлични резултати во реномирани лиги, и неговото предавање на една пообемна тема би била од голем интерес за сите наши тренери.

Темата е „Основи на периодизација и техничко-тактички вежби во подготвителен период. Подготовка на екипата во 6-7 неделен период до официјален старт на сезоната“.

ПретходноПо долгото патување: “Пандевци“ пристигнаа во Гдањск… утре на мегдан со Лехија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноШампионот го делат 90.минути до најмалку 3.квалификациско коло во ЛЕ или плеј – офот во ЛК и до 1,5 милиони евра!