Монца го донесе репрезентативецот Песина, го сака и Џеко

582

Новиот италијански прволигаш Монца активно работи на засилување на екипата за новата сезона. Клубот од елитниот дел на Ломбардија не сака да одигра само епизодна улога туку да биде стандарден во Серија А, па и да се бори за излез во европските купови. Пред неколку денови пристигнаа Стефано Сенси и Андреа Ранокија, а од вчера нов член на клубот е италијанскиот репрезентативец Матео Песина.
Песина, кој има 14 настапи и четири гола за Италија, дојде од редовите на Аталанта како позајмен фудбалер.

„Тутоспорт“ најавува дека Монца ќе се обиде да го донесе и Един Џеко кој со доаѓањето на Ромелу Лукаку не може да очекува голема минутажа во Интер во новата сезона. Она што му го нуди Монца е стандардно место во тимот, а од друга страна и Наполи го сака репрезентативецот на БиХ.

 

ПретходноСтојчев: Лехија е силна екипа, меѓутоа се е можно во фудбалот
СледноШкендија треба да внимава: Лани Арарат го елиминираше МОЛ Фехервар на Муслиу!