Вчера во Нион се одржа ждрепката за глвната фаза во Лигата на Шампионите во футсал. Нашиот шампион, тимот на Шкупи се најде во групата 8, каде што ќе биде заедно со чешкиот првак Хрудим. И двете екипи ќе ја чекаат првата фаза па ќе ги дознаат своите два противника кои ќе дојдат од групите Г и Х.
Инаку Шкупи ќе биде домаќин, а мечевите од групата се закажани од 25 до 30 октомври и само првопласираните екипи ќе одат во следната фаза. Јасно е дека чаирчани ќе имаат силни противници, но сепак на домашен терен се е можно.