Озил „раскина“ со Фенербахче – ќе го батали фудбалот и ќе стане гејмер

589

Месут Озил не е повеќе фудбалер на Фенербахче. Искусниот играч за врска му се приклучи на Фенер во јануари 2021 година, меѓутоа набрзо падна во немилост на стручниот штаб. Исмаил Картал прво го исфрли турскиот репрезентативец од првиот тим поради недоволна физичка спрема, а ни со Жорж Жесус неговиот статус не се промени. Тој беше префрлен во вториот тим каде што тренираше.

Сега договорот е обострано раскинат, а Озил може да се пресели во друг клуб од Истанбул. Неофицијално, Башакшехир се обидува да го донесе во своите редови. Но Озил може да одлучи да стави крај на фудбалската кариера и да тргне во друга насока – еспорт.
Тој пополека влегува во светот на е-спортот. Ги следи и игра видео игри. Како што разбрав тој во иднина сака да се занимава со тоа. Добар е во тоа. Игра Фортнајт, има и свој тим М10 Еспортс и собра силна екипа. Има и гејмерска куќа во Германија“, изјави неговиот менаџер Еркут Согат.
Озил во кариерата играше уште за Шалке, Вердер, Реал Мадрид и Арсенал.

ПретходноНавивачи се пукаа со пиштоли пред стадион, загина 18-годишно момче
СледноХрватите најавуваат трансфер „бомба“: Тимур Дибиров преговара со ППД Загреб!