Трагедија: На 29 години почина познат руски фудбалер!

549

Страшна вест денеска доаѓа од Русија. Имено на само 29 години почина фудбалерот Александар Козлов. Како што се наведува во тамошните медиуми причината била згрутчување на крвта што довела до срцев удар. Интересно е што сето тоа довело откако тој бил на масажа, а потоа му се слошило и не успеале да го спасат.

Козлов од 2015 до 2020 година играше во Спартак Москва, на времето важел за еден од најталентираните руски фудбалери, ги минал сите младински репрезентации, но никогаш не заиграл за А- селекцијата на Русија. Во Лигата на Шампионите настапил кога имал 17 години.

ПретходноРоманецот Петреску ќе ја дели правдата меѓу Динамо и Шкупи на “Максимир“!
СледноОфицијално: Барселона го претстави Рафиња! (ВИДЕО)