Шкупи во вторник го очекува меч против силниот Динамо Загреб во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар се игра на „Максимир“ во Загреб, а реваншот во Скопје. Македонскиот шампион оди во хрватската престолнина по позитивен резултат, а тоа го посакува и алжирскиот напаѓач Валид Хамиди.
„Во Загреб ќе го дадеме максимумот. Овој натпревар е многу важен за нас. Мирни сме и работиме напорно овие денови. Можам да порачам дека на „Максимир“ ќе се бориме за секоја педа од теренот.
Очигледно е дека Динамо е сериозна екипа има голем квалитет, но во фудбалот секој може да победи секого. Ако придодадеме и тоа дека нашите навивачи ќе ни дадат поддршка веруваме дека ќе ни биде нешто полесно и се надеваме дека ќе се вратиме со позитивен резултат“, изјави Хамиди.