Барса без тренер во САД: Чави не доби виза!

363

И тоа се случува со најголемите клубови. Несфатливо, но така е. Имено Барселона отпатува на турнејата во САД и тоа без својот шеф на стручниот штаб Чави Ернандез. Ова се најавуваше уште во текот на вчерашниот ден, но се чинеше дека работата ќе се среди, сепак не било баш така. Имено и официјално САД не му дадоа виза на тренерот на Барселона за влез во таа земја, па така каталонците мораа да отпатуваат без својот тренер.

Се наведува дека Чави додека беше тренер на Ал Сад од Катар престојувал со тој тим во Иран, па заради тоа засега му е забрането да влезе во САД.

Сепак се очекува во следните денови сите овие перипетии да се расчистат и тренерот на Барса да им се придружи на своите играчи во САД.

ПретходноНа ФФМ или Струмица? “Лавовите“ се нестрпливи… чекаат абер каде ќе играат
СледноПораз од Норвешка: У-20 Македонија заврши како осма на ЕП „Б“ дивизија за кошаркарки!