ТВ-преносите добиваат нова димензија: Играчите во Бундеслигата ќе имаат камери на себе! (ВИДЕО)

1860

Пријателскиот натпревар меѓу Келн и Милан донесе еден исклучителен новитет кој доколку стане редовен дел од тв-преносите (макар за почеток и само во Бундеслигата), го става гледањето фудбал во една нова димензија.

Имено, станува збор за камера која беше поставена на елек за тело „MindFly“ на двајца од фудбалерите на Келн, а нејзината употребна функција изгледа одлично и е особено впечатлива кога се во прашање репризите на головите и случувањата при прикини.

Она што досега можеше да се види само на видео-игрите, сега станува дел и од реалниот свет…

ПретходноОдбојкарките на Италија ја освоија „Лигата на нации“, Србија освои бронза
СледноБаерн даде финална понуда за Де Лигт: 70 милиони евра, плус бонуси