Дибала донесе неочекувана одлука!

452

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала кариерата ќе ја продолжи во Рома. Иако беше поврзуван со Интер и се чинеше дека ќе стави потпис, сепак во последен момент се случи пресврт.

Во битката за Дибала се вклучи во Рома и многумина се изненадени дека сака да го облече римскиот клуб.

Фабрицио Романо вчера објави дека Дибала во следните денови и официјално треба да биде претставен како ново засилување во Рома. Тој ќе потпише договор до 2025 година, шест милиони евра по сезона плус дополнителни бонуси.

Тамошните медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо директно го повикал Дибала и му објаснил дека ќе биде лидер во тимот, дека околу него ќе се гради играта на италијанскиот клуб.

ПретходноРоналдо стави крај на шпекулациите!
СледноДенеска Шкупи ќе ги дознае можните ривали во 3.квалификациско коло во ЛШ или ЛЕ, а Македонија ЃП и Шкендија во ЛК!