И дефинитивно и официјално, барем според информациите од таборот на „лавовите“, мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе се игра во Скопје. Значи Струмица, која беше опција, поради барањето ма МВР, отпаѓа, и тоа на задоволство на сите во таборот на “лавовите“ кои не крија дека сакаат да играат на ФФМ а не во Струмица.
Па така во четврток, со почеток од 17:30 часот, нашиот тим ќе игра против Бугарите во Скопје и тоа на стадионот на ФФМ.
Да им посакаме многу среќа на “лавовите“ на овој двомеч.