Тимот на Милан е подготвен да го доведе во своите редови, репрезентативецот на Англија и член на тимот на Тотенхем, Џафет Танганга. Стоперот не е во прв план во Лондон, минатата сезона настапи на само десетина мечеви и тоа е веќе алармантно за 23. годишниот дефанзивец.
Преговорите се веќе започнати и се претпоставува дека Танганга нема да има ништо против да замине во редовите на еден великан и да се бори за највисок пласман, овојпат во Серија А.
Стоперот со потекло од Конго има забележано преку 40 настапи за младинските селекции на Англија.