Проблем за Баерн: Горецка го оперираше коленото, пауза и до осум недели

111

Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка ќе отсуствува од терените неколку неколку недели по успешната операција на левото колено, соопшти денеска германскиот клуб.

Според германски Скај, играчот од средниот ред би требало да биде надвор од терените меѓу шест и осум недели. Баерн во соопштението наведе дека кај 27-годишниот германски репрезентативец констатирана е „аномалија на левото колено, која е корегирана со артроскопија“.

Горецка и минатата сезона отсуствуваше од терените поради повреда на коленото. Тимот од Минхен се наоѓа во САД каде ноќта меѓу среда и четврток во Вашингтон ќе одигра пријателски натпревар против ДЦ Јунајтед, а потоа ноќта меѓу сабота и недела во Грин Беј против Манчестер Сити.

ПретходноСедлоски: Играат отворен фудбал, треба да бидеме внимателни
СледноПросечен настап на младинците на атлетското БП во Турција