Новиот напаѓач на Борусија Дортмунд има тумор!

312

Новиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Себастијан Але привремено го напушти тренинг кампот поради тумор на тестиси, соопшти германскиот клуб. 28-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска се пожалил дека не му е добро после првиот тренинг во понеделникот.

Веднаш бил пренесен во болница, а по лекарските прегледи му е откриен тумор на тестисите. Во текот на следните денови ќе бидат направени дополнителни истражувања.

Борусија Дортмунд побара да се почитува приватноста на играчот и на неговото семејство.

„Кога ќе имаме дополнителни информации ќе ве известиме веднаш“, порача германскиот тим.

28-годишниот фудбалер дојде ова лето како замена за Ерлинг Халанд од Ајакс, имаше одлична сезона на 50 меча постигна 32 гола. Претходно играше за Вест Хем, Утрехт, Ајнтрахт и Оксер.

ПретходноБосанците со НБА ѕвездата Нуркиќ одат на Евробаскетот
СледноТен Хаг отворено зборуваше за Роналдо!