Пеколен старт за МЗТ Скопје во АБА лига

309

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат пеколен старт на сезоната во АБА-лигата, каде што се враќаат по четиригодишно отуство, со оглед што во првите две кола за противници ќе имаат екипи од – Евролигата.

Денешната ждрепка сакаше МЗТ на отворањето на регионалната лига да ѝ гостува на Црвена Звезда, актуелниот победник и долгогодишен учесник во најсилното европско натпреварување. А, работите да бидат уште потешки, се погрижи фактот што првиот меч на домашен терен ќе го одигра со Партизан, вториот српски гигант и најтрофеен тим во АБА. Тоа ќе биде одлична шанса за македонската спортска јавност во живо да го види најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ, но ќе биде и можност за сино-белите момци да му покажат на силниот противник дека не случајно се вратија во друштвото на најдобрите на Јадранот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АБА-ЛИГАТА

1. коло: Ц. Звезда – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

2. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Партизан

3. коло: Будуќност – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

4. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СЦ Дерби

5. коло: Цедевита Олимпија – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

6. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Морнар

7. коло: ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

8. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Мега

9. коло: Игокеа – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

10. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Борац

11. коло: Задар – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

12. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Сплит

13. коло: Цибона – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ПретходноДинамо Загреб – Шкупи: Шампионот на “Максимир“ нека го “извади“ најдоброто од себе!
СледноСтартни состави: Седло со Сандеј во нападот, Адеми стартер кај Динамо а Ристовски на клупа!