Ждрепката сакаше уште во првото коло во АБА 2 силите да ги одмерат нашите претставници во ова натпреварување Пелистер и ТФТ. Ова беше објавено денеска и официјално од страна на раководството на Регионалната лига. Исто така беше објавено дека и во сезоната 2022/23, исто како и во минатите две, да се игра во турнирски систем.Терминот на одигрување ќе биде дополнително одреден.
Инаку се знаат и сите учесници во претстојната сезона во АБА 2, па така покрај дебитантот ТФТ и Пелистер од Македонијам, тука се и екипите на Борац Бања Лука, Горица, Хелиос, Крка, Подгорица, Слога, Спарс, Сутјеска, Шенчур, Широки Бријег, Осијек и Златибор.