Навистина неверојатно. Иако станува збор за Холандија, за една од најбогатите земји во Европа, па и во светот, еден билет за европски натпревар може да купиш за пола евро или во наши пари за 30 денари.
Тоа го прави раководството на АЗ Алкмар, клуб кој вечерва во првиот меч од 2.квалификациско коло ја дочекува Тузла Сити од БиХ.
Со цел, веројатно, да дојдат на трибините што повеќе гледачи и да го бодрат домашниот тим, Холанѓаните го прават ова. Ова значи дека билетите се беспари. Се знае дека на европски натпревари билетите мора да имаат цена, па затоа и се тие пола евро или 30 денари.