Дарко Чурлинов покажува дека е во врвна форма. И овојпат беше еден од најдобрите во тимот на Штутгарт, и тоа на пријателската со Валенсија во која “швабите“ победија со 5:2, а Македонецот постигна еден гол и имаше уште две асистенции.
Се покажува дека Чурлинов и во дресот на Штутгарт, но сега во Бундеслигата ќе биде одличен, како што беше тоа лани во Шалке, што може да го радува селекторот Благоја Милевски.
2 Assists + 1 Tor = Darko #Churlinov 💪💪💪 #VfB | #VfBVCF 5:2 pic.twitter.com/kgYVam5UWH
— VfB Stuttgart (@VfB) July 23, 2022