Попладнево во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“, домашниот второлигаш со 3:2 успеа да слави триумф во пријателски меч против Тиквеш. Резултатот први го отвориле биточани за водство од 1:0 со голот на Маневски, потоа Христов од Тиквеш израмнил на 1:1. Пелистер постигнал потоа два гола за водство од 3:1 преку Мустафов и Миленковски , за да Ивановски успеал само да го ублажи поразот.
И двајцата тренери, Секуловски и Костов имаа можност уште еднаш да ја проверат моменталната форма на своите играчи.