Триумф на “пиратите“: Чурлинов го „стресе“ Вардар во 90.минута!

3006

На денешната пријателска средба меѓу прволиогашот Скопје и второлигапшот Вардар, на победата се радуваа „пиратите“ од 1:0. И тоа благодарение на младиот Кристијан Чурлинов кој во 90.минута ја затресе мрежата на гостите и успеа да му донесе триумф на својот тим.

Секако дека тренерот на Скопје, Славчо Георгиевски – Тупан, мора да биде задоволен од формата на својата екипа, која од меч во меч игра се подобро, и да биде среќен што неговиот тим успеа да слави трумф над Вардар, тим за кој некогаш Тупан настапуваше.

Сепак треба да се нагласи дека Вардар мечот го започна со комбиниран состав, додека во второто влегоа во игра Христов, Мишковски, Блажевски и други.

ПретходноЈусуфи и Укпа стрелци во триумфот на Струга ТЛ против Победа!
СледноПријателска во Струмица: Детонит Плачковица со реми кај “Пандевци“!