Динамо Загреб на својата официјална страница сподели интересна приказна. Откако хрватскиот тим преку тамошните медиуми дозна дека во Скопје има голем фан, одлучи да ги изненади пред реваншот со Шкупи вечерва (21 часот).
Горан Адамовски поранешен новинар е големиот фан на Динамо Загреб. 40-годишниот Македонец денеска имаше средба со Аријан Адеми и Стефан Ристовски, што пак беше големо изнендување за него.
„Сега можам да умрам“, на шега изјавил Адамовски, кој има околу 30 дресови во својата колекција од Динамо Загреб со потписи од играчите.