На 101 година почина човекот кој ја имаше членската карта на Барса со бр.1!

341

Тага на “Камп Ноу“. Како што јавуваат од Барселона, на 101 година починал Мануел Манос Гонзалба, највозрасниот фан на клубот и човекот кој ја имаше членската карта на клубот со бр1.

Интересно, тој бил член на Барса, фан на Барса уште од 5 септември 1932 година.

Тој бил сведок речиси на целата историја на Барса, го следел настапот на еден Кројф, Марадона, Меси во дресот на Барса, а последен пат ја следел Барса, секако покрај ТВ екраните пред два дена кога неговиот тим го победи Реал Мадрид во Лас Вегас.

ПретходноСуарез го соопшти името на новиот тим!
СледноВо Астон Вила не постои кечап, Џерард казнува по 200 фунти од минута