Само 0:1 за Динамо Загреб во Скопје вечерва. Сосема доволно за радост на “модрите“ кои ете вака или онака, сепак успеаја да слават со севкупни 2:3 и низ иглени уши резултатски се провлеќчат во 3.квалификациско коло.
Шкупи како и што се најавуваше од страна на стратегот Гоце Седлоски. Сакаше да игра, да се надигрува, но ете, за жал не успеа.
Тагата по елиминацијата секако дека е тука, но нема предавање, сега оди во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа каде на 4 август му гостува на Шамрок во Ирска, а на 11 истиот месец се игра во Скопје.
Јасно е дека тоа ќе биде сосема друга приказна, Шамрок е добар тим, но не е така силен како Динамо.
Тука Шкупи ќе мора да ја бара својата шанса за пласман во групната фаза, најмалку, во Лигата на Конференции.
Динамо е Динамо, посебно кога го има во своите редови еден Аријан Адеми кој речиси сам го победи севкупно нашиот шампион.
И, да, секоја чест за Шкупи за борбата, за тоа што покажа дека знае како треба во Европа.
Некој велеа дека “модрите“ ќе се прошетаат во овие 180 минути, но ете, тие минаа, како што веќе рековме низ иглени уши.