ВМФЛ – 1.коло: Вардар сезоната ја почнува кај Аресими, Гостивар со Пехчево, Пелистер во Гевгелија…

1714

Попладнево во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за ВМФЛ, која во новата сезона, како што и беше најавено, ќе биде единствена со 16 клубови.

Во 1.коло нашиот најтрофеен клуб, тимот на Вардар, кој и оваа сезона ќе се “тепа“ во Втората лига, се среќава со Аресими на гости, додека најголемиот фаворит тимот на Гостивар ќе ги одмери силите со Пехчево исто на гости.

Пелистер ќе му гостува на Кожуф.

Почетокот е закажан за 13 август (сабота), а во продолжение можете да ги видите двојките за 1.коло.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – 13 АВГУСТ

КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР

АРЕСИМИ – ВАРДАР

ОХРИД – ТЕТЕКС

ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА

КАРАОРМАН – ВОСКА

БОРЕЦ – СЛОГА (В)

ПЕХЧЕВО – ГОСТИВАР

САСА – БЕСА

ПретходноСЕХА-лига само за руски и белоруски тимови!
СледноЈанески се врати во Куманово, останува и Зивчевиќ!