Иако договорот и потписот беа направени пред некој ден, денеска ракотениот клуб Ваљадолид и официјално ги промовираше македонските ракометари Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски.
Таму, како што е познато, тренер е екс страгегот на Вардар, Давид Писонеро.
Дарко Димитриевски досега во својата ракометна кариера играл и порано во Шпанија, и тоа во тимовите на Адемар Леон, Сагунто…
Додека Димитар Димитриоски во Ваљадолид пристигна од Е. Пелистер 2.
И двајцата на промоцијата кажаа дека ова за нив е нов предизвик и дека ќе дадат се од себе да ја оправдаат довербата како играчи на Ваљадолид.