Денеска РК Алкалоид, новиот член на ракометната Суперлига ги стартуваше подготовките. Познато е дека нов стратег на тимот ќе биде нашата ракометна икона Кире Лазаров, инаку актуелен селектор на нашата машка репрезентација. Ова значи дека амбициите на овој клуб и тоа како се големи во блиска иднина. Самиот спонзор на клубот и името на тренерот кажуваат многу нешта.
Првиот собир екипата го имаше во салата Автокоманда во Скопје. Првите денови од подготовките ќе се одработат во Скопје за да потоа на 3 август се заминува во Маврово.
РК Алкалоид ова лето ќе учествува на два силни турнири во склоп на подготовките, во Струга и во Србија.