Добра „генералка“ на Португалија (ВИДЕО)

635

Репрезентацијата на Португалија го одигра последниот пријателски меч пред настапот на Европското првенство. Ја совлада репрезентацијата на Израел на домашен терен со конечни 4:0.

Стрелци на головите за домаќинот беа Бруно Фернандеш на два пати, Кристијано Роналдо во првиот дел, и Кансело во самиот финиш.

Двете најголеми звезди на репрезентацијата на Португалија секако дека имаа главен збор и вечерва во репрезентативниот дрес и од нив се очекува истото да го стора и на мечевите кои следуваат.

Сепак, Кристијано Роналдо вечерва покрај голот, „направи“ уште еден потег за кој се зборува. Го изведе веројатно најлошиот слободен удар во неговата кариера.

Португалија е во група со Унгарија, Германија и Франција.

 

ПретходноОбложувалниците не ни веруваат: Коефициентот за победа на Македонија со Австрија е 6.00!
СледноНа Рамос сепак Реал му е на прво место