Букер и Пол за втора победа на „Сонцата“ против Денвер (ВИДЕО)

355

Кошаркарите на Феникс Санс и вторпат го победија Денвер на домашен терен, овој пат со 123:98 и успеаја да ја поведат полуфиналната серија на Западот со 2:0. На гостите не им помогнаа ниту 24 поени на најрасположениот МВП играчот за оваа сезона, Никола Јокиќ.

„Сонцата“ полека, но стабилно ја зголемуваа својата предност во текот на целиот меч. Денвер водеше само на самиот почеток на натпреварот, а потоа домашниот тим брзо го презеде водството и не го испушти до крајот на мечот. Домашниот тим до нова победа го предводеше Девин Букер, кој постигна 18 поени и десет скока, додека Крис Пол придонесе со еден поен помалку и уште 15 асистенции. Дури шест кошаркари на Феникс го завршија мечот со двоцифрен број на поени.

ПретходноНовак си закажа полуфинале со Надал, мечот со Беретини беше во прекин поради полициски час!
СледноЛеброн следната сезона го менува бројот на дресот