Бени Меккарти ќе ги тренира напаѓачите во Манчестер Јунајтед

220

Тренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг го назначи Бени Меккарти за свој помошник во стручниот штаб кој ќе биде задолжен за работата со напаѓачите и е одговара за нивната форма.

Некогашниот репрезентативец на Јужна Африка, и член на екипите на  Ајакс, Селта, Порто, Блекбурн и Вест Хем е ангажиран со цел да се подобри ефикасноста на Јунајтед која мора да се каже во последните години не беше на потребното ниво.

„Ми се допаѓа Манчестер Јунајтед и отсекогаш сум сакал да играм овде. Ми се допаѓаат фудбалери како Марк Хјуз, Енди Кол и Рајан Гигс“, рече Мекарти при претставувањето.

 

ПретходноПочина млад голман во Босна
СледноФранција го избриша подот со „пулените“ на Симиќ