Како што информираат медиумите во САД, на 88 години починал Бил Расел, најтрофејниот кошаркар во НБА. Се известува дека починал од природна смрт.
Роден беше во 1934 година и целата своја кариера ја мина во Бостон Селтик каде израсна во вистинска легенда на клубот, но и на светската кошарка. Се смета дека Бил Расел беше меѓу најдобрите пет кошаркари во историјата на НБА, во кремот на кремовите што се вели.
Расел освои дури 11 шампионски прстени, во кариерата постигна 14.522 поени, имаше и 4.100 асистенции и 21.620 скокови.