Суперкуп: ПСЖ и без Мбапе беше пресилен за Нант, Нејмар и Меси со фантастични голови (ВИДЕО)

236

ПСЖ е победник на Суперкупот на Франција кој вечерва се одржа во Тел – Авив во Израел. Иако “светците“ настапија без главната ѕвезда Килијан Мбапе, сепак тоа не им пречеше со 4:0 да го декласираат Нант и да дојдат до првиот трофеј сезонава.

Ако не беше тука Мбапе, тогаш брилјираа Лео Меси и Нејмар, па и Рамос кој постигна гол со петта за 3:0.

Серијата голови ја отвори Меси во 22.минута со прекрасен гол. Следеше мајсторија на Нејмар за 2:0 во 45+5.минута, па тој гол на Рамос за да во 82.минута од пенал Нејмар ги постави конечните 4:0.

ПретходноУ-18 СП: Ракометарките после пресврт до билет за главната рунда!
СледноПоради невремето и немањето струја: Спектаклот во Струмица доцнеше час и половина!