Роналдо беше очаен и заминал пред да заврши натпреварот

698

Кристијано Роналдо и неговата приказна околу потенцијалното заминување од Манчестер Јунајтед летово доби уште една епизода викендов. Тој конечно, на една недела од стартот на Премиер лигата се појави на подготовките на Јунајтед, а по само еден одработен заеднички тренинг со соиграчите заигра против шпански Рајо на Олд Трафорд.

Нормално како што тоа бива, со оглед на неговото однесување во моментов беше најслаб на теренот и излезе по само 45. минути. Шпекулациите се дека тој не го дочекал ниту крајот на мечот, туку предвреме го напуштил Олд Трафорд што дополнително ги наљути навивачите на Манчестер Јунајтед, кои не се задоволни од тоа како португалецот се однесува кон клубот.

Темата далеку од тоа дека е на крајот, Роналдо не ја исклучува можноста да си замине и тоа во Мадрид. Не во Реал, туку во Атлетко. Што од ова ќе се оствари останува да видиме.

Претходно„Најсилниот на светот“ дебитираше во рингот и се посрамоти како никој (ВИДЕО)
СледноМилан подобар од Марсеј, Севиља лошо мина и против Лестер (ВИДЕО)