Само ден одкако тимот на Ливерпул го освои „Комјунити шилд“ трофејот во победата над Манчестер Сити, резервите на тимот, односно оние играчи кои не настапија во финалето,одиграа дуел против француски Стразбур и не се прославија. Загубија со високи 0:3, и тоа во пораз во кој головите беа постигнати уште во првиот дел.
За Ливерпул настапи да речеме Џејмс Милнер, а и Ибрахим Конате, Џо Гомез, како и новитетот Фабио Карваљо.