Лидс сака да го спои македонскиот тандем Елмас – Алиоски!

1026

Веќе подолго време, можеби повеќе од пола година се најавува можен трансфер на Елиф Елмас во Лидс. Марсело Биелса, стратегот на тимот од „Иланд Роуд“ го посакува Дијамантот и тој тоа не го крие, посебно по одличните настапи на Елмас во репрезентацијата.

Па така деновиве во медиумите во Англија одново се актуелизира оовој можен трансфер и спојување на тандемот од македонската репрезентација Елмас – Алиоски.

Инаку Алиоски деновиве добил нова, подобрена понуда од Лидс за потпишување на нов договор, па се очекува по завршување на ЕУРО 2020 популарниот Џани да го потпише.

Наполи пак не сака да чуе за продавање на Елмас, посебно не ако понудата е пониска од 20 милиони евра.

Сепак се се ова шпекулации, прво да заврши ЕП па потоа ќе видиме дали Дијамантот ќе оди во Премиерлигата и дали Алиоски ќе остане во Лидс.

ПретходноЕуро 2020 ќе биде „најбразилското“ европско досега!
СледноМоцартспорт анализа: Мрме од Срем, вонвременскиот Пандев и идната европска ѕвезда Елиф Елмас!