Оливие Њокас и официјално е ракометар на Олимпијакос

223

Довчерашниот ракометар на Вардар, Оливие Њокас, и официјално е нов ракометар на грчки Олимпијакос.

Клубот од Пиреја го објави потписот со Њокас, кој минатата сезона заедно со својот брат Кевин играше за Вардар.

„Многу сум задоволен што сум дел од една од најголемите спортски организации во светот, која има постигнато успеси во сите спортови. За мене е голема чест што сум овде, се надевам дека оваа сезона ќе постигнеме голем успех. Не сакам многу да зборувам, но верувам дека можеме да направиме големи работи. Минатата сезона тимот го освои шампионатот, па ќе се бориме да ја задржиме оваа титула. Едвај чекам да ја доживеам жешката атмосфера што ја создаваат навивачите“, изјавил Њокас.

ПретходноКадетките вечерва на трибини: Се гледа дербито Шпанија – Унгарија (ФОТО)
СледноИнтер го раскина договорот со Санчез, Чилеанецот оди во Франција