Се смешка групна фаза: Оваа шанса Шкупи не смее да ја испушти – НИКАКО!

9128

Ете дознавме се што треба во врска со ждрепката за плеј – офот во Лигата на Европа како и во Лигата на Конференции.

Шкупи ако го елиминира Шамрок во 3.квалификациско коло во ЛЕ, во плеј – офот во ова натпреварување ќе ги одмери силите со Карабах или Ференцварош. Секако тешка ждрепка, но без разлика што ќе направи со еден од овие два тима, чаирчани ќе имаат загарантиран пласман во групната фаза во Лига Конференции.

Во случај на елиминација од Шамрок, тогаш Шкупи во плеј – офот во ЛК ќе се сретне со Балкани (Косово) или Клаксвик (Ф. Острови).

Затоа велиме дека чаирчани оваа шанса не смеат да ја испуштат никако. На Шкупи му се смешка групна фаза и тоа како, барем во ЛК и приход од најмалку 4,2 милиони евра.

Факт е дека тимот на Гоце Седлоски е поквалитетен и од претставникот на Косово, а уште повеќе од тимот од Ф. Острови.

Ваква шанса се дава еднаш во 100 години што се вели, време е за историја за Шкупи.

Само треба мудрост, верба во себе и респект кон противникот, кој и да е.

Интересно, Шкендија исто така има убава шанса за влез во групната фаза во Лига Конференции.

Јасно е дека треба прво да се мине АИК во третата квалификациска рунда, а потоа во плеј – офот би ги одмерила силите против поразениот тим од двојката Фенербахче (Турција) – Словачко (Чешка). Оваа двојка ќе ги одмери силите во третата квалификациска рунда во ЛЕ, и кој ќе биде елиминиран ќе игра со Шкендија.

Очекувањата се дека тоа ќе биде претставникот на Чешка, но и ако биде Фенер, тогаш тоа ќе биде спектакл на Арената во Скопје. Гигантот со Алиоски на чело против нашата Шкендија.

ПретходноРакометарките против Иран за заверка на првото место!
СледноБарди во Олимпијакос е готова работа!