Франција им се закани на кошаркарите кои планираат да играат за руски тимови!

207

Кошаркарската федерација на Франција испрати предупредување до сите играчи од оваа земја кои ќе потпишат за клубови од Русија или Белорусија. Причината веќе е позната, руската инвазија над Украина.

„Играчите и тренерите нема да играат за националните тимови доколку потпишат договор со руски или белоруски клуб се додека трае конфликтот“, соопштија од француската федерација.

Одлуката е донесена на 28 јули и веќе се однесува на неколку играчи. Станува збор за Ливио Жан-Шарл и Луј Лабери потпишаа за ЦСКА Москва, односно Уникс. Раководството на француската федерација од кошаркарите кои ќе го носат дресот на својата земја побара да потпишат дека во иднина нема да бидат дел од руски или белоруски тимови.

ПретходноЛевандовски се врати во Минхен, навивачите огорчени (ВИДЕО)
СледноТен Хаг продолжи со распродажба на играчи!