Турскиот фудбалски гигант Фенербахче предмалку и официјално го потврди трансферот на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Левиот бек доаѓа во Истанбул како позајмен играч на 1 година од саудискиот состав Ал Ахли.
Членот на управата на Фенербахче, Селахатин Баки го потпиша договорот со Алиоски, по што и официјално беа објавени првите фотографии на новото засилување на Фенер.
„Добредојде во нашето семејство“, му порачаа од турскиот гигнат на Алиоски.