ЛШ: Адеми и Ристовски со Динамо (З) ги „решија“ Бугарите на гости (ВИДЕО)

3616

Фудбалерите на Динамо (З) славеа со 2:1 на гостувањето кај Лудогорец и со една нога зачекорија кон плеј-оф колото во најсилното европско клупско натпреварување.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски ги одиграа сите 90 минути за хрватскиот шампион и беа едни од креаторите на победата на загрепските „модри“. Гостите го отворија резултатот во 6. минута со голот на Периќ, а само три минути подоцна домашните со автогол го донесоа Динамо и до 2:0.

Единствениот гол за Лудогорец го постигна Текпетеј во 22. минута.



ПретходноФлорентино Перез ќе сведочи на судењето против Нејмар
СледноАгентот на Кепа е во Италија: Шпанецот ќе биде нов соиграч на Елмас?