Бобан Николов одбил милионска понуда од Кина!

3541

Како што дознаваме, еден од нашите најдобри фудбалери Бобан Николов бил пред голем трансфер во Кина, во еден од тамошните клубови кои важат за најголеми во нивната елитна лига. Кинезите инсиситтале по секоја цена да го доведат Македонецот, посебно по одличните партии во дресот на нашата репрезентација, но во последен момент, иако понудата била милионска за повеќегодишен договор, Николв одлучил да ја одбие.

Причината за тоа била дека во поново време Лигата во Кина не е ни од далеку толку атрактивна како порано, а Николов тоа добро го знае и одлучи да не се пресели на Далечниот исток.

Инаку пред извесно и Волфсбергер од Австрија го сакал во своите редови Николов, но не дошло до договор.

Да потсетиме дека последен клуб на нашиот интернационалец беше Шериф Тираспол, тим со кој играше во Лигата на Шампионите, тим со кој Николов го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во групната фаза.

Претходно тој настапуваше во Лече и Мол Фехервар. Сега, барем според нашите сознанија, Николов е блиску до договор со многу познат клуб.

ПретходноСоиграч на Ердал Ракип се оженил, но не присуствувал на својата свадба!!!
СледноПознати се судиите за реваншите на Шкупи и Шкендија во ЛЕ и ЛК!