Македонската машка кадетска репрезентација со убедлив триумф стартуваше на ЕХФ шампионатот во Рига. „Црвено-жолтите“ отворија со победа над Турција од 34-19, противник кого решија во едно полувреме. На голот царуваше Давид Брестовац, кој запуша 18 одбрани.
Неполни 16 часа по овој натпревар, Македонија денеска има нова задача. Во рамките на второто коло игра против Косово, репрезентација која треба лесно да се совлада за да се обезбеди место во следната рунда.
Овој меч е закажан со почеток во 13 часот, директен пренос има на ЕХФТВ.