Играше за Валенсија, Брајтон и Сосиедад, а сега ќе игра за данскиот шампион

306

Данскиот шампион Копенхаген се пофали со трансферот на искусниот голман Метју Рајан кој доаѓа од редовите на Сосиедад како слободен фудбалер. Рајан е австралиски репрезентативец со 74 настапи за својата земја, а претходно имаше импресивни настапи за Брајтон (123 меча). Една полусезона играше за Арсенал (само три настапи), а беше во Генк, Клуб Бриж и во австралискиот Централ Коуст Маринерс.

Инаку 30-годишниот голман со Копенхаген потпиша договор на две сезони. Со овој потег Рајан се надева дека ќе ја крене формата пред почетокот на СП во Катар затоа што има поголеми шанси да брани за Копенхаген отколку за Сосиедад.

14 кратниот дански шампион, втор по број на титули

ПретходноВо Истанбул разбиена обложувачка мафија, пари биле трансферирани во Македонија
СледноЕкс-голманот на Манчестер Јунајтед ќе брани за Бока Јуниорс