Второлигашот Беласица го формира голманското дуо за сезоната 2022/23, а нови членови се Стефан Митрев и Филип Купанов. Двајцата имаат по 19 години и ќе се борат за првотимскиот статус.
Купанов ги мина младинските категории на Академија Пандев, беше дел и од првиот тим (четири настапи во ПМФЛ). Минатата сезона беше позајмен во Детонит, а потоа се врати во Академија Пандев.
Митрев исто така настапуваше за младинските категории на Академија Пандев, минатото лето потпиша со Беласица, но по една полусезона повторно отиде во Академија Пандев. Сега се враќа во Беласица и ќе се бори за првотимски статус.