Елмас и Наполи со убедлива победа ја отворија сезоната (видео)

237

Екипата на Наполи забележа убедлива победа во 1. коло од Серија А, а беше совладана Верона на гости со 5:2. Мечот полн со голови започна со погодок на Ласања во 29. минута, но до крајот на првото полувреме Наполи го сврте резултатот. Новакот Кваратчелија со дебитантскиот гол го изедначи резултатот, а потоа Осимен донесе водство од 2:1.
Само што почна вториот дел Анри изедначи, но потоа од 55. до 65. минута Наполи со головите на Зиелински и на Лоботка зголеми на 4:2, а Матео Политано ги постави конечните 5:2. Во финишот и Унас постигна погодок за Наполи кој беше поништен поради офсајд.
Македонскиот бисер Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута на местото на Кваратчелија.

ПретходноФото на колото: Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија!
СледноНавивачите му кажуваат на тренерот кого да стави во игра, а тој ги послуша! (ВИДЕО)